На Металург не му се даваат големи шанси, но големата квота за победа во Швајцарија е како магнет

Ракометарите на Металург од 18.45 часот во Цирих го играат реванш-натпреварот против швајцарскиот Криенс Луцерн од второто квалификациско коло во Лигата на Европа. Каква било победа, нерешен резултат или пораз од еден гол-разлика ќе го однесат македонскиот тим во групната фаза од второто по квалитет клупско натпреварување во Европа. Металург може да оди понатаму и ако загуби со два гола разлика, но треба да даде барем 25 гола.

Тренерот Зоран Кастратовиќ го има на располагање најдобриот состав, нема проблеми со повреди и Металурзите најавуваат дека се подготвени да ја одбранат предноста од два гола од првиот меч во Скопје, кој заврши 26-24.

Ова е последниот филтер пред групната фаза и од Металург зависи дали Македонија ќе има еден или два претставника во ЛЕ. Сигурен учесник е Еурофарм Пелистер.

Според квотите во Sport Life, фаворит е Криенс, а доколку верувате во Металург, обложете се на македонскиот тим, ве чека убава добивка.

- Оглас -

Најнови вести