На младите во Израел им суди четвртиот судија, примија гол во 16-та секунда

Младинската репрезентација на Македонија е шокирана на гостувањето кај Израел во Нетања, избраниците на селекторот Благоја Милевски примија гол уште по 16 секунди игра. Ова е меч на кој нашите таленти мора да победат за да ги задржат шансите за пласман на ЕП 2022.

Првиот шок беше кога пред мечот се дозна дека главниот судија, Украинецот Виктор Купиевски е позитивен на коронавирус. Имаше пауза од околу 25 минути, по што беше одлучено мечот да го води четвртиот судија.

Откако мечот почна, Израел даде гол во својот прв напад. Томер Јосефи ну даде гол по само 16 секунди игра, па во моментов Израел е во минимално водство.

- Оглас -

Најнови вести