На навивачите не им се верува кого гледаат на голот на Манчестер сити

Почетокот на натпреварот помеѓу Њукасл и Манчестер сити, предизвика големо внимание во светот на фудбалот и по социјалните мрежи, бидејќи на голот на Граѓаните е ветеранот Скот Карсон, кој немаше брането на премиерлигашки меч уште од мај 2011 година кога беше член на ВБА.

Пеп Гвардиола му даде шанса на Карсон, па чуварот на мрежата влезе во историјата како голман кој имал најголема пауза помеѓу два старта во Премиерлигата. Карсон кој има 35 години, претходно последен пат бранеше пред 3.645 дена.

- Оглас -

Најнови вести