На Пирло му „пукна филмот“: Ако знаеш подобро од мене, намести ми го тимот

Јувентус освои само бод на гостувањето кај Верона и пропушти шанса да му се доближи на Милан, па секако Андреа Пирло не беше задоволен од исходот.

На целата нервоза, новинарот на „Скај спортс“ Џанкарло Падован, се посомнева во тактиката на предводникот на Бјанконерите, по што доби дрзок одговор.

„Пред нешто да прокоментираш, прво треба да проследиш неколку натпревари. Ми се чини дека денеска ништо не си гледал, а ако веќе си попаметен и знаеш подобро од мене, повели намести ми го тимот. Се бориме со повреди, се адаптираме на тоа и веќе неколку играчи принудно менуваат позиции“, нервозно одговори Пирло.

Јувентус по 23 одиграни натпревари стои на третото место на табелата во Серија А со 46 бода, Милан има три повеќе со шанса да ја зголеми предноста доколку се избори за позитивен резултат вечерва на гостувањето кај Рома на „Олимпико“.

- Оглас -

Најнови вести