На почетокот на годината му открија рак, а сега ќе заигра за Манчестер јунајтед

Макс Тејлор е 19-годишен талентиран играч на Манчестер јунајтед кој имаше кошмарен старт на годината. на Тејлор му дијагностициран рак, но неполни 12 месеци по страшната вест, следуваат одлични вести. По неколкумесечната хемотерапија, на тинејџерот сега му е многу подобро и ја победи смртоносната болест.

Дека Тејлор сега е сосема во ред, потврдува и фактот дека тој е повикан во првиот тим на Манчестер јунајтед и би требало да игра на дуелот против Астана в четврток на гости. Тинејџерот уште во октомври играше за тимот на Манчестер до 23 години, а сега прв пат може да заигра за сениорите.

https://www.instagram.com/p/Bt6Tq6LDd20/?utm_source=ig_web_copy_link

 

- Оглас -

Најнови вести