На Погба не му се одеше во Австралија, ликот му кажува сè (Видео)

Пол Погба и Ромелу Лукаку би можеле да го напуштат Манчестер јунајтед летово, но тие уште не се договорени со своите потенцијално идни клубови, па затоа се дел од „црвените ѓаволи“ на турнејата во Австралија, Сингапур и Кина.

За Лукаку најзаинтересиран е Интер, додека Погба го сакаат Реал Мадрид и Јувентус. Погба јавно кажа дека сака да ја смени средината и да се обиде со нов предизвик, не тренираше со тимот во првата недела од подготовките, но не сака да штрајкува како Антоан Гриезман во Атлетико Мадрид, туку замина со експедицијата на Јунајтед на далечното патување.

Дека не му е по ќеиф што мораше да замине, Погба покажа уште при пристигнувањето на аеродромот во Манчестер, каде што фанови сакаа да се сликаат со него, но тој беше нерасположен и ги игнорираше, а и не беше идентично облечен како останатите фудбалери.

https://www.youtube.com/watch?v=FszIM95mIcw

- Оглас -

Најнови вести