На полувреме губеа со 0-8, па си заминаа дома

Неверојатна сцена за фудбалски прилики во Англија се случи на локалното дерби помеѓу Абингдон јунајтед и Абингдон таун. Средбата беше прекината после првите 45 минути, бидејќи екипата на Таун не се појави на терен на почетокот на второто полувреме, а причината е бизарна.

Тимот на Таун губеше со огромни 0-8, па играчите во соблекувална решија дека нема потреба дополнително да се срамат, и си заминаа дома додека ривалите ги чекаа да излезат на терен, како и публиката, а имало 160 гледачи.

Засега не се знае дали средбата ќе биде регистрирана со 8-0 или службени 3-0, и дали ќе има дополнителни санкции против клубот чии играчи самоволно одлучија да не играат. Станува збор за клубови од Хеленик лигата, дивизија 1 исток, што е десетта лига по ранг во Англија.

- Оглас -

Најнови вести