Португалските клубови планираат да се вратат со тренинзи на отворено наскоро, но само ако добијат потврда од здравствените власти.
Планот е да се тренира во помали групи на фудбалери како превентива од Коронавирусот, а интересно е што на играчите ќе им помагаат и психолози за послесно да се прилагодат по долгата пауза и долгиот период на престој во домашен карантин.
Стефан Ристовски, кој настапува за Спортинг Лисабон, и сите останати фудбалери од најквалитетната португалска лига би имале период од 30 дена за да тренираат на отворено во клупските комплекси со цел да се вратат во форма и физички и психички, а дури потоа би требало да продолжи и шампионатот.
Секако, би се играло без публика и најдоцна до трети август, што е предвиден како последен рок за да заврши првенството.
Препораките на УЕФА се сите домашни првенства да бидат завршени до 30 јуни, ако тоа го дозволува ситуацијата со Коронавирусот, но очигледно е дека Португалците ќе отстапат од планот на европската куќа на фудбалот.