На Ристовски му запишаа летен одмор во април, Спортинг ќе почне со тренинзи за една недела

Фредерико Варандас донесе неочекувана одлука и им соопшти на фудбалерите на Спортинг и на стручниот штаб дека користат 11-дневен одмор, што беше предвиден за август, кога вообичаено играчите имаат слободни денови пред стартот на новата сезона.

Кризата со Коронавирусот направи хаос, па фактички Стефан Ристовски и соиграчите се на одмор, и тоа летен, од 4 до 14 април.

Потегот на првиот човек на Спортинг е на штета на играчите, но има логика и според тврдењата на раководството на лисабонските лавови и поткрепа со саконските норми во Португалија.

Првенството во Португалија е прекинато, па ако се доигра, можно е да трае до август, периодот кога веќе почнуваат подготовките за следната сезона.

Патем ако Спортинг не биде подобропласиран од моментното четврто место, ќе игра квалификации за настап во Лигата на Европа, што значи и дека новата сезона ќе им почне порано, па ќе нема простор за да се користи летниот одмор.

Најавено е дека по периодот од 11 дена одмор во април, играчите ќе почнат со тренинзи на отворено во својата база во Алкочете.

Ристовски, кој е во клубот од 2017 година, ќе има дополнителни обврски и со репрезентацијата на Македонија бидејќи треба да се игра баражот со Косово веројатно во септември и ако победиме, потоа и финалето во Сегментот Д од Лигата на нациите против Грузија и Белорусија за пласман на ЕП 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести