На Рома ѝ лежи Башакшехир, Партизан со играч повеќе не успеа да задржи 2-0

Рома го надигра Башакшехир со 3-0 и тоа во Истанбул, па сега „римската волчица“ е во добра позиција. Инаку, Рома дома го победи турскиот тим со 4-0, вечерва со 3-0, и тоа се единствените победи за нив во Лига Европа сезонава. Рома и Арсенал се единствени тимови кои имаат двајца играчи (кај Рома тоа се Ѕаниоло и Клајверт) родени во 1999 или помлади, кои сезонава дале барем по два гола.

На овој меч во Истанбул имаше и инцидент, па турскиот тим го чека казна од УЕФА.

Возбудлив меч со шест гола одиграа Брага и Вулверхемптон. Англискиот тим водеше со 3-1, првиот гол го даде Раул Хименес кој со 15 гола е најефикасниот играч кој настапува во некој премиерлигаш, но и тоа не беше доволно за три бода.

Партизан рано даде два гола и го изненади АЗ Алкмар, но белградските „црно-бели“ во финишот примија два гола и останаа без шанса да се пласираат во следната фаза. Драјф беше човекот кој ги растажи „гробарите“.

РЕЗУЛТАТИ ОД МЕЧЕВИТЕ ИГРАНИ СО ПОЧЕТОК ВО 18.55 ЧАСОТ: АЗ Алкмар – Партизан 2:2, Башакшехир – Рома 0:3, Бешикташ – Слован 2:1, Брага – Вулверхемптон 3:3, ЦСКА Москва – Лудогорец 1:1, Ференцварош – Еспањол 2:2, Феенорд – Ренџерс 2:2, Олександрија – Волфсбург 0:1, Сент Етјен – Гент 0:0, Волфсбергер – Борусија Менхенгладбах 0:1, Јанг бојс – Порто 1:2.

- Оглас -

Најнови вести