На Шалке не му се пишува добро, по две кола има гол-разлика 1-11

Никлас Фулкруг со своите три голови, му донесе победа на Вердер на гостувањето кај Шалке 04, и ја подобри атмосферата во тимот од Бремен после стартниот пораз од Херта од 1-4 во првото коло.

Вердер можеше да слави и поубедливо, но Шалке даде почесен гол во 93-та минута. Инаку, Шалке по две кола сезонава нема бод, а гол, разликата има 1 даден и дури 11 примени голови. Во катастрофата против Баерн, троен стрелец беше Гнабри, а вечерва повторно еден играч успеа да постигне три гола во мрежата на Шалке.

Фулкруг е прв член на Вердер во последните три години, кој направил хет-трик на бундеслигашка средба.

- Оглас -

Најнови вести