На стадион ќе се оди со „здравствен пасош“!?

Компанијата која ги прави тестирањата на фудбалерите во Премиер лигата верува дека има развиено систем со кој ќе се овозможи сигурно враќање на навивачите на трибините. Од оваа компанија тврдат дека може да се воведе „здравствен дигитален пасош“ во кој ќе ја има историјата на сите тестирања на луѓето на Коронавирусот.

Дигиталниот пасош може да биде и во телефонот на секој човек, па на едноставен начин да се има увид за секој оној што ќе сака да биде дел од трибините на мечевите во Премиер лигата.

„Моментално овие здравствени пасоши ги користат фудбалерите во Премиер лигата и Чемпионшип и тоа им овозможува на играчите, но и на сите оние кои се дел од мечевите, да имаат пристап до различни делови од стадионот. Секако дека ќе биде голем напредок ако успееме ова да го направиме и со навивачите, што би било нивни сигурен пристап до стадионите. Резултатите од тестирањата на сите навивачи ќе бидат поврзани со нивните телефони, а на тој начин ќе може да купат и влезница. Дури и на аеродромите се размислува за користење на овој систем“, вели извршниот директор на компанијата Пренетикс.

 

- Оглас -

Најнови вести