На Томас Милер не му се привлечни кинеските милиони

Напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер, одбил огромна понуда од еден кинески клуб затоа што сака да остане во баварскиот клуб. Кинезите на Милер му нуделе годишна плата дури од 25 милиони евра, но Германецот одбил.

Милер немал спортски мотиви да се пресели на Далечниот Исток и сите идни планови му се врзани за матичниот клуб. Плус тоа, Милер има желба да се врати во националниот тим на Германија, иако беше избришан од селекторот Јоаким Лев заедно со Матс Хумелс и Џером Боатенг.

Договорот на 29-годишниот Милер со Баерн е до летото 2021 година и сака да го одработи до крај. Милер во својата клупска кариера има играно само за Баерн, но капитенската лента ја носи голманот Мануел Нојер.

 

- Оглас -

Најнови вести