На торинскиот „петел“ местото му е меѓу лондонските Петли

Тотенхем ќе тргне по потписот на Андреа Белоти, напаѓачот на Торино, кој своевремено беше голема желба на Жозе Мурињо во периодот кога Специјалниот беше на клупата на Манчестер јунајтед. Португалецот сака соодветна замена за Хари Кејн, односно да му доведе конкуренција на англискиот голгетер, па токму торинскиот „Петел“ би можел да се приклучи на Петлите од Северен Лондон.

Имено, Тотенхем сака да го позајми Белоти на една сезона, а во летото 2021 да го откупи неговиот договор за сума од 50 милиони евра.

Белоти го доби прекарот по фамозната прослава при постигнување гол, имитирајќи петел со раката на главата. Инаку, италијанскиот репрезентативец веќе пет години ги брани боите на торинските Бикови за кои постигна 92 гола во 192 настапи.

Пред неколку сезони Белоти беше еден од најопасните голгетери во Серија А, па Торино лесно одбиваше наводни понуди до 100 милиони евра од неколку европски великани.

- Оглас -

Најнови вести