На УЕФА не ѝ е доволно проширувањето на ЛШ, па воведува нов турнир

Европската фудбалска федерација (УЕФА) работи на нов проект, а тоа е мини-турнир пред почетокот на групната фаза од Лигата на шампиони. Toa би било тунрир кој би започнал да се игра од 2024 година и на кој би биле вклучени четири европски клуба, меѓу кои, секако, би бил освојувачот во Лигата на шампионите.

Овој турнир би бил како замена за Суперкупот на Европа, а би се играл по форматот како што тоа го направија Шпанците со нивниот Суперкуп. Во Шпанија се формираше турнир на којшто играа финалистите во Купот на Кралот, како и двете најдобри екипи од претходната сезона. Овие мечеви се играа во Саудиска Арабија.

Новиот турнир на УЕФА би се играл во САД и, секако, би бил атракција со четирите најдобри екипи во тој момент.

Од сезоната 2024/25 ќе се реформира и Лигата на шампионите, па ќе има по 36 наместо сегашните 32 екипи и би се играло едно мини-првенство. На крајот, наместо сегашните 125 меча во ЛШ, вкупно би се одиграле дури 225 натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести