На Ули сè му е дозволено, па и да го шиша Новак (Фото)

Физиотерапевтот Улисес Бадио е човек во кој Новак Ѓоковиќ има најголема доверба, па српскиот тениски велемајстор му дозволува на популарниот Ули и да ја потстрижува косата на светскиот рекет број 1.

Ѓоковиќ денеска во третото коло на Вимблдон игра со Американецот Кудла и сакаше на терен да истрча со средена коса. Сепак, тој не замина кај професионален фризер бидејќи е во карантин, туку мораше да верува во знаењето на Аргентинецот со ножиците. Ако се суди според ликот на Новак откако заврши шишањето, задоволен е од сработеното, а тој и го пофали Ули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести