На вакви бикови и Скорсезе би се радувал – Хет-трик на Вернер, Лајпциг го декласира Мајнц со 5:0 (Видео)

Лајпциг го декласираше Мајнц со 5:0, а Тимо Вернер повторно постигна хет-трик, како и на претходниот меч што Биковите го добија со 8:0 во финишот на ланската година.

Гостите доминираа на „Опел арена“ во Мајнц и веќе во 11. минута со првиот гол на Вернер најавија дека се подобар тим и дека пак му се заканува катастрофа на ривалот.

Потоа погодија и Поулсен и Сабицер, па по првото полувреме беше јасно кој ќе победи. Вернер ја продолжи голеадата и со уште два прецизни удари во 48. и во 75. минута ја запечати победата на фаворитот.

https://twitter.com/KingGoat30/status/1264568298466926594?s=20

Интересно е што репрезентативецот на Германија и буквално ја решета мрежата на Мајнц на секој меч и постигна дури 9 гола против овој ривал на последните четири меѓусебни дуели.

Со вкупно 24 погодоци Тимо сега му се доближи на Роберт Левандовски на само три гола, а Лајпциг се уште се надева на титулата со 54 бода на третото место. Пред нив е лидерот Баерн со 61 бод и Борусија Дортмунд со 54. Мајнц е на една позиција над зоната за испаѓање со 27 бода, четири повеќе од Фортуна Диселдорф.

- Оглас -

Најнови вести