1001 Астон вила – Ливерпул (21:00)
Астон вила и Ливерпул сè уште немаат обезбедено место во Лигата на шампионите и теоретски може да извисат. Двете екипи имаат по 59 бода, четири повеќе од шестиот Борнмут, па нивниот меѓусебен дуел на „Вила парк“ може да донесе пласман во елитното натпреварување за една од екипите или да ја продолжи неизвесноста и за двете. Очекувањата се дека мечот ќе биде ефикасен со голови во двете мрежи, но и во двете полувремиња.
Предлог тип: ГГ & 1+I & 1+II (1.90)
1038 Нотс каунти – Честерфилд (21:00)
Нотс каунти го доби првиот меч против Честерфилд со 1-0 на гостински терен, па гостите вечерва нема што да бранат. Ако сакаат да го продолжат патот кон третата англиска лига, ќе мора да одиграат офанзивно и да го нападнат голот на противникот, а тоа ќе отвори доста простор за домашниот состав. Токму затоа очекувањата се дека на овој меч ќе има најмалку три гола.
Предлог тип: 3+ (2.04)
1037 Салфорд сити – Гримзби (20:15)
Салфорд и Гримзби одиграа ефикасно на првиот бараж-меч, кој заврши со победа на гостите од 1-2, а слично се очекува да биде и вечерва. Квотата за ефикасен фудбал и во двете полувремиња е одлична, па за еден до три гола во првото и во второто полувреме ќе добиете квота од 2.07 во Sport Life.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.07)
1311 Кастељон – Кадис (20:30)
Во втората шпанска лига остануваат да се одиграат уште три првенствени кола, а Кастељон ако сака да остане во игра најмалку за место во баражот, ќе мора да победи против Кадис на домашен терен. Очекувањата се дека не само што ќе победат, туку и ќе бидат ефикасни, па предлогот е да се одигра дека домашниот состав ќе постигне помеѓу еден и три гола и во двете полувремиња.
Предлог тип: Т1 1-3I & 1-3II (1.90)
1655 Лувен – Антверпен (20:45)
Екипите на Лувен и Антверпен играат меч без речиси никакво резултатско значење, со оглед на тоа дека единствено гостите имаат минимални шанси да дојдат до првото место и до плејофот за влез во Конференциската лига. Токму затоа очекувањата се дека нивниот меѓусебен меч ќе биде ефикасен, а публиката ќе може да гледа вистинска голеада.
Предлог тип: ГГ и 3+ (2.14)

