Начинот на којшто тренираат голманите на Јувентус е вистински хит (Видео)

Како и сите клубови, така и италијанскиот првак Јувентус се подготвува за продолжување на активностите како на домашен план, така и во Лигата на шампионите. „Старата дама“ треба да има лесна задача во Серија А, бидејќи за противник го има последнопласираниот тим на Емполи.

Од последниот тренинг на Јувентус, најинтересен беше начинот на којшто работат голманите. Тие беа поделени по двајца во тим и играа еден вид сервис, но само со рака. Оваа игра дефинитивно е добра за рефлексите, а во иднина се очекува и други клубови да го превземат овој вид работа со голманите.

https://twitter.com/i/status/1111293116391276545

 

- Оглас -

Најнови вести