Надал е третиот полуфиналст на завршниот АТП турнир, Циципас нема да ја брани титулата

Рафаел Надал го надигра Стефанос Циципас со 2-1 во сетови (6-4, 4-6, 6-2) по исцрпителни два часа за пласман во полуфиналето од завршниот турнир на АТП.

Вториот светски рекет обезбеди пласман по Доминик Тим, а противник во полуфиналето ќе му биде Данил Медведев, што значи дека утре по дуелот Ѓоковиќ – Зверев и Австриецот ќе го дознае својот противник.

Надал наиде на рамноправен противник во Циципас, кој пак даде сè од себе за да остане во игра да ја брани титулата која лани ја освои во Лондон, меѓутоа нервозата му попречи во клучен момент.

Откако грчкиот тенисер загуби два гема по ред на свој сервис во одлучувачкиот сет, проработеа тенките нерви, што беше знак за Надал да зајакне темпо и да приреди мирен финиш.

- Оглас -

Најнови вести