Надал и Вилијамс перфектни, Шарапова се предаде

Рафаел Надал експресно се пласираше во следната рунда на Вимблдон по победата над Јапонецот Јиучи Сугита со 3-0 во сетови (6-3, 6-1, 6-3). На Шпанецот му беа потребни малку повеќе од два часа да закаже дуел со Ник Кирјос во второто коло.

Иако на стартот Надал загуби гем уште при првиот сервис, ја врати иницијативата во своја корист со два брејка за водство од 1-0, а уште поубедливо го освои и вториот сет. Јапонецот беше во игра сè до 3-3 во гемови, а по четвртиот сервис, Надал дојде до првата меч-топка и ја искористи.

Неколку минути претходно заврши и настапот на Серена Вилијамс во првото коло од женска конкуренција. Седумкратната шампионка на Вимблдон тргна без грешка и со 2-0 ( 6-2, 7-5) славеше против Италијанката Џулија Гато-Монтиконе. Серена и во следното коло ќе има лесна задача бидејќи наиде на 133-то рангираната Каја Јуван од Словенија.

Поранешната шампионка Марија Шарапова мораше да се откаже уште во првото коло откако во мечот против Полин Парментие се здоби со повреда на левата рака и го предаде мечот. Руската тенисерка се откажа на 5-0 негатива во гемови во третиот сет.

Петра Квитова со лесни 2-0 во сетови (6-4, 6-2) славеше над Онс Жабер.

- Оглас -

Најнови вести