Надал имаше фуриозен камбек, но не е задоволен

Рафаел Надал по шест месеци пауза, вчера се појави на тениските терени и на неговата омилена подлога оствари фуриозен камбек со победа по два сета над Пабло Карењо Буста со 6-1, 6-1.

Иако на сонародникот му дозволи само два гема, Надал смета дека може да игра уште подобро, па така може да се очекува поквалитетно издание на Надал во следното коло против подобриот од дуелот Раониќ – Лајовиќ.

„Ми недостасува енергијата на публиката, не е убава глетката да се игра пред празни трибини. Сепак, мило ми е за камбекот, по толку долга пауза, играв против одличен тенисер кој веројатно беше уморен по настапот на ОП на САД. Среќен сум, но знам дека морам да играм уште подобро, а нивото на кое посакувам да играм можам да го подигнам со вложување поголем напор на тренинзите и се надевам дека ќе бидам во добра форма пред стартот на Ролан Гарос“, истакна Надал.

Вториот светски рекет ќе се обиде да го одбрани пехарот на мастерс-турнирот во Рим, а потоа му следува настап на омилениот гренслем, Ролан Гарос.

- Оглас -

Најнови вести