Надал сè уште не е сигурен кога ќе се врати на терените

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го демантираше организаторот на турнирот од серијата Мастерс 1000 во Монте Карло и сè уште не го потврди своето учество.

Организаторот на Мастерсот во Монте Карло минатата недела официјално соопшти дека Надал сигурно ќе учествува на турнирот.

„Сè уште не можам да потврдам дека ќе настапам во Монте Карло и воопшто не ми е јасно кој ја објави таа информација. Доколку е точна, јас ќе ја потврдев, но, за жал, воопшто не е така“, изјави Надал.

Шпанецот последен пат на тениски турнир настапи на Отвореното првенство на Австралија, каде што испадна во второто коло.

„Продолжувам да работам по своја програма, но навистина не знам кој ќе ми биде иден турнир. Сега се наоѓам во фаза на зголемување на интензитетот на тренинзите. Доколку знам кога ќе се вратам на терените, сигурно би ви кажал, но, за жал, сè уште не знам“, додаде Надал.

- Оглас -

Најнови вести