Надал со тренинг победа – Првото коло на Ролан Гарос носи неколку изненадувања

Рафаел Надал, како што и се очекуваше без поголеми проблеми гоз започна своето патешествие на Ролан Гарос.

Шпанскиот тенисер во првото коло го совлада Австралијанецот Џордан Томпсон со 3:0 во сетови, односно 6:2, 6:2, 6:2 и практично имаше полесен тренинг, кое ќе му дојде како загревање за тоа што го очекува.

Таму, задачата ќе биде малку покомплицирана, иако Надал во секој случај ќе биде фаворит против Корентан Моуте од Франција, кој што во првото коло предмалку го елиминираше Стен Вавринка, некогашен шампион на овој гренд слем.

Новак Ѓоковиќ, пак кој што според проекциите ќе се сретне со Рафа во четврт-финалето на вториот гренд слем годинава.

Кај дамите својот настап го завршија и Наоми Осака која што загуби од Аманда Анисимова со 2:0 (7:5, 6:4) и за втората носителка, Барбора Крејичкова која што беше поразена од Дајан Пери со 6:1, 2:6, 3:6.

- Оглас -

Најнови вести