Нагелсман има опасен шут, го нокаутира помошникот, па го носеше во болница

Јулијан Нагелсман има опасен шут и во игра два на два на тренинг на Лајпциг го повредил својот аналитичар во стручниот штаб, Бењамин Глик.

Инцидентот бил случаен и е бизарен, но Глик можел опасно да настрада, откако тренерот на Лајпциг го погодил со топка во пределот на вратот. И веднаш потоа го однел во болница со својот автомобил.

Глик е на боледување, бидејќи му е повреден нерв, но за среќа на двајцата не се работи за сериозен проблем.

Нагелсман пристигна во редовите на Лајпциг ова лето и одлично го предводи тимот, кој е второпласиран во Бундеслигата и успеа да се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

За мечот со Фортуна Диселдорф најмладиот бундеслигашки тренер, кој има само 32 години ќе мора сам да подготвува тактика и анализа, по принудното отсуство на Глик.

 

- Оглас -

Најнови вести