Нагелсман: Разбирам мене да ми се закануваат, ама зошто мојата мајка добива смртни закани?

Навивачите на Баерн Минхен не ја поднесоа добро четврт-финалната елиминација од Вилјареал, па упатуваат смртни закани кон луѓето во клубот.

Откако сопругата на Хасан Салихамиџиќ ги објави на интернет заканите, и тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман со зачудувачка изјава излезе пред медиумите.

„Знам дека ќе бидам критизиран и навредуван од сите страни, но 450 смртни закани на социјалните мрежи тоа не е нормално.

Разбирам мене да ми се закануваат дека ќе ме убијат, ама зошто мојата мајка, која што не ја интересира и воопшто не следи фудбал, добива смртни закани?

Чим го изгаснат телевизорот, луѓето ја забораваат пристојноста. Едноставно не ми се верува“ изјави предводникот на Баерн Минхен.

Актуелниот првак на Германија утре против Арминија Билефилд ќе ги продолжи активностите во Бундеслигата каде што се на чекор од освојување на титулата.

- Оглас -

Најнови вести