Најнголан игра во дискотеки наместо на терен, Интер ќе му даде уште една шанса

Раџа Најнголан го плаќа данокот на неспортскиот живот, дискотеките и забавите му се во преден план наместо фудбалот и се наоѓа на излезните порти на Интер.

„Нераѕурите“ го платија скапо, за него дадоа 40 милиони евра, но се на прагот да го остранат од тимот. Најнголан моментно е казнет поради доцнење на тренинг, а не стигнал навреме поради бурна ноќ во дискотеките во Милано.

Веќе го прогласија за промашување во Интер, но и одлучија да му дадат уште една шанса по утрешниот меч со Наполи, на кој нема да игра.

Најнголан поради истите причини, неспортски живот, не беше во составот на Белгија на Мундијалот во Русија.

- Оглас -

Најнови вести