Најавени состави: Меси и Суарес најистурени, Флик со стандардните 11

Сите очи ќе бидат вперени кон четвртфиналното дерби од Лигата на шампионите. Барселона и Баерн Минхен ја заземаат сцената со надеж, односно очекувања дека ќе биде вистински спектакл во Лисабон.

На „Да Луж“ ќе се сретнат двајца од моментално најдобрите фудбалери во светот. Меси против Левандовски ќе биде главниот директен дуел, а, секако, со посебно внимание ќе се следи битката на средината од теренот, но и ќе има докажување кој германски голман е подобар, Тер Штеген или пак Нојер.

Барселона е за нијанса во полоша форма од Баерн. Избраниците на Сетјен имаат еден пораз и четири победи во последните пет меча во сите натпреварувања, додека Баварците се без грешка во последните 18 меча, од кои издвоија исто толку победи.

Тренерот Кике Сетјен доби засилување во пресрет на мечот, ќе може да смета на Усман Дембеле, кој на терените се враќа речиси по девет месеци пауза. Во составот на Каталонците ќе отсуствува само Самуел Умтити, кој повторно има проблеми со коленото. Изненадување може да биде Гриезман, наместо во првите 11, да се најде на клупата за резерви и да чека шанса во второто полувреме.

Ханзи Флик, пак, нема што да менува во составот кој демолира сè пред себе. Напред Левандовски, потпомогнат од Гнабри, Коман и Милер, на голот Нојер зад Алаба и Боатенг. Хендикеп на Баварците е отсуството на Павар.

Најавени состави:

Барселона: Тер Штеген, Алаба, Ленгле, Пике, Семедо, Бускетс, Де Јонг, Видал, Роберто, Суарес, Меси.

Баерн: Нојер, Дејвис, Алаба, Боатенг, Кимих, Тијаго, Дејвис, Милер, Коман, Гнабри, Левандовски.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести