Најбрзиот човек на светот стана татко, а веста прв ја соопшти премиерот на Јамајка (фото)

Јусејн Болт, осумкратниот олимписки шампион во атлетика, стана татко, а прв веста ја соопшти премиерот на Јамајка, Ендру Холнс. Најбрзиот човек на светот со својата партнерка Каси Бенет доби ќерка, а доста е интересно што наместо убавите вести да ги соопшти самиот Болт, тоа го стори премиерот Холнс.

„Честитки до нашата спринтерска легенда Јусејн Болт и Каси Бенет за раѓањето на нивната ќерка“, напиша Холнс на „Твитер“.

- Оглас -

Најнови вести