Најдобриот играч на Сасуоло призна дека навива за Интер, а сега може да му го донесе и Скудетото

Викендов во Серија А се игра последното коло, а битката за Скудетото ја водат Милан и Интер. Црвено-црните имаат два бода предност, а на гостувањето против Сасуоло ќе им одговара и нерешен резултат.

Сасуоло игра атрактивен фудбал сезонава со голем број погодоци, а еден од најдобрите, ако не и најдобар играч на овој тим е Доменико Берарди.

„Таа ноќ кога Интер ја освои Лигата на шампионите во Мадрид излеговме со пријателите да прославиме. Како мал му се восхитував на Роналдо, а подоцна и на Диего Милито“, изјави Берарди.

Интересно е што во изминативе сезони редовно му дава голови на Милан, а во два наврати успеа да постигне и по четири погодоци на еден меч. Берарди сезонава има фантастичен скор од 15 погодоци и 13 асистенции, а дали ќе успее да му ја донесе титулата на Интер или пак Милан ќе се радува, ќе се знае во недела во 20 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести