Најдобриот тим во Јужна Америка му нуди шанса на Кристијано Роналдо да биде светски првак!

После саудискиот Ал Хилал, и бразилски Фламенго се јави со интерес за ангажирање на португалската фудбалска мега ѕвезда Кристијано Роналдо.

Актуелниот освојувач на Копа Либертадорес, посакува да го донесе Роналдо во Рио де Жанеиро, и да му даде прилика во февруари да се бори за светска клупска титула, во евентуално финале против европскиот првак Реал Мадрид, клуб чиј прв стрелец во историјата е токму тој, Кристијано Роналдо.

Роналдо раскина со Манчестер јунајтед, и сега е слободен, па Фламенго бара спонзори кои би го платиле славниот напаѓач. Преговорите не се почнати, а Роналдо во моментов е фокусиран на Светското првенство.

По завршувањето на Мундијалот, ќе ја засили потрагата по нов клуб, ако веќе тајно не е договорен со некого уште пред контроверзното интервју кое придонесе тој да си замине од Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести