Најголемиот малер на СП 2026 успешно опериран

Англискиот репрезентативец Џордан Хендерсон успешно е опериран по бизарната повреда која ја заработи на зглобот на раката. Хендерсон се повреди додека се радуваше за победата на Англија против Мексико на легендарниот стадион „Астека“.

Некогашниот капитен на Ливерпул и актуелен член на Брантфорд настрада откако падна преку рекламиот ЛЕД панел, по драматичната победа на Англија со 3:2 против Мексико. Фудбалерот веднаш беше префрлен во болница во Мексико Сити, а потоа бил префрлен во Канзас Сити, каде што му била направена хируршка интервенција.

Иако за Хендерсон заврши настапот на планетарниот собир, тој останува да биде дел од експедицијата во САД. Англичаните следниот предизвик ќе го имаат в сабота, во четвртфиналето против едно од најпријатните изненадувања, селекцијата на Норвешка.

„Операцијата е завршена. Да се подготвиме за нешто големо в сабота. Му благодарам на целокупниот персонал кој се грижеше за мене во Ортопедскиот институт во Канзас Сити, посебно на тројцата доктори кои ја извршија операцијата“, беше пораката упатена од Хендерсон.

 

- Оглас -

Најнови вести