Најјаките цитати на Ќиро во кои се спомнуваа Просинечки, Мурињо, Марадона…

Пред 35 години, кога дозволи тогаш талентираниот и недокажан Роберт Просинечки да си замине од Динамо Загреб и да премине во Црвена ѕвезда, Мирослав Ќиро Блажевиќ ја даде една од неговите најлегендарни изјави: „Ако тој стане играч, јас ќе си ја изедам тренерската диплома“.

Просинечки стана екстра играч, еден од најдобрите на светот во негово време, а подоцна Ќиро се правдаше дека на таков начин сакал само да го мотивира Роби. Просинечки и Блажевиќ кога ќе се видеа, се гушкаа, пиеја кафе, немаше лутење, иако во јавноста се мислеше поинаку.

Ќиро беше обожуван од сите на просторите на поранешна Југославија затоа што немаше влакна на јазикот и се водеше по онаа народната „Што на ум, тоа на друм“.

Изјавуваше дека е подобар од Капело и Мурињо бидејќи тие двајца да биле родени во Травник како него, не би стигнале до височините кои тој ги достигна.

Имаше храброст на славниот Диего Марадона да му каже „Мрш таму, да ти е.ам мајката зелена, мене ли најде да ме зафркаваш“, откако на еден хуманитарен меч Марадона го прашал Ќиро што треба да игра и каде да се движи по теренот. На тој меч, Марадона дал повеќе од 15 гола.

- Оглас -

Најнови вести