Најлудата приказна во ЛЕ, добива ново поглавје: Познато е како нудистот влегол на теренот во Гранада

Од четирите меча кои синоќа се играа во Лигата на Европа, најголемо внимание привлече инцидентот кој се случи на дуелот во Шпанија меѓу Гранада и Манчестер јунајтед. Англискиот фаворит победи со 2:0, а потегот за кој се збори, се случи во шестата минута од мечот, кога на теренот се појави гол човек.

Сите на теренот беа збунети од каде се појави голиот човек, кога се знае дека средбата се играше без присуство на публика.

https://streamable.com/or4es6

Подоцна беше откриено дека нудистот е познат бизнисмен од Гранада, чие име е Олмо Гарсија. Тој е познат по тоа дека чест знае целосно гол да излезе и да прошета низ центарот на градот.

Олмо откако беше совладан од полицијата на теренот во Гранада, објаснил како успеал да влезе на стадионот. Нудистот успеал да влезе на стадионот уште во 7 часот наутро на денот на мечот и се скрил под церадите кои се на трибините. Цели 14 часа тој седел скриен под церадата и чекал да дојде време мечот да започне. Му биле потребни неколку минути да се соблече гол и да го дочека вистинскиот момент за да истрча на теренот.

 

- Оглас -

Најнови вести