Најлудиот меч сезонава во ЛШ: Џабе хет-трикот, кога шокот стигна во 92-рата минута (Видео)

Лајпциг останува во трка за едно од првите две места откако во неверојатно драматичен меч со 4:3 го победи Башакшехир во Истанбул. Германскиот тим до победата стигна со голот на Александер Серлот во 92-рата минута.

Дека Лајпциг е дојден да победи, се покажа уште во првиот дел, кога гостите водеа со 2:0, но Ирфан Кахвечи со гол во 45-тата минута намали на 1:2 и најави драматично второ полувреме. Дани Олмо погоди во 66-тата минута за 3:1, но потоа повторно на сцена стапи Кахвечи.

Турскиот репрезентативец постигна уште два прекрасни гола со удари надвор од шеснаесетникот и во 85-тата минута на семафорот стоеше резултатот 3:3.

Сепак, тоа не беше крајот на драмите. Александер Серлот со гол во судиското надополнување донесе победа на Лајпциг, кој сега има 9 бодови и е на второто место на табелата. Манчестер јунајтед има 9 бода, а Пари Сен Жермен има 6 бода. Токму овие два тима за кратко време ќе водат битка на „Олд Трафорд“.

https://streamable.com/9lf2ap

https://streamable.com/i9jq31

https://streamable.com/0ls0mu

https://streamable.com/vihagl

https://streamable.com/zmtfgg

https://streamable.com/2yjz6o

https://streamable.com/fiz7pu

 

Краснодар минимално со 1:0 славеше против Рен, а единствениот гол го постигна Маркус Берг. Со оваа победа Краснодар си обезбеди место во Лигата на Европа во пролетниот дел од натпреварувањата на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести