Најмоќната жена во фудбалот тврди дека Халанд вреди милијарда евра

Рафаела Пимента, која се смета за најмоќна жена во светот на фудбалот тврди дека нејзиниот клиент Ерлинг Халанд вреди милијарда евра.

Пимента беше соработничка на контроверзниот фудбалски агент Мино Рајола, кој почина минатата година, и таа ја презеде грижата за кариерите на неговите клиенти, меѓу кои е и Норвежанецот, кој сега го носи дресот на Манчестер сити.

„Никој не е во состојба да го види врвот на кој Халанд може да се искачи. Тој е идеален пример на модерен фудбалер и мислам дека ќе ги собори сите рекорди поради неговото однесување на и надвор од терените. Одиме од сезона во сезона, сега е во Сити и така треба да биде. Многу брзо се менуваат сумите во фудбалот. Кога го продадовме Погба, сите зборуваа дека сумата е неверојатна, но играчите во денешно време вредат многу повеќе. Нејмар е рекордер кога станува збор за трансферите со 222 милиони евра, но за мене Халанд вреди милијарда евра. Можеби таа сума никој нема да ја плати, но Ерлинг вреди толку многу поради можноста за заработка која му ја носи на клубот во кој настапува“, изјави Пимента.

- Оглас -

Најнови вести