Најмоќниот човек на светот сака Ѓоковиќ да игра на ОП на САД: Само бирократските л*јна се против

Американскиот милијардер Стив Форбс застана на страната на Новак Ѓоковиќ и бара српскиот ас да игра на Отвореното првенство на САД, односно да му се дозволи влез во земјата, без разлика што не е ваквиниран.

„Џон Мекинро е во право што го поддржува Новак Ѓоковиќ и што без влакно на јазикот кажува дека бирократските постапки на нашата Влада се л*јна“, напиша Форбс.

Тој е еден од највлијателните луѓе на планетата и неговиот збор се слуша, а со приклучувањето кон фронтот за поддршка на Ѓоковиќ може да влијае да се случи пресврт и 21-кратниот гренслем-шампион сепак да настапи на турнирот во Њујорк од 29 август до 11 септември.

Во меѓувреме, здравствената комисија што е задолжена за ковид-кризата во САД, донесе одлука да бидат симнати сите мерки и невакцинираните луѓе да имаат ист статус како и вакцинираните, што е шанса за Ѓоковиќ сепак да игра во Њујорк на терените на Флешинг Медоуз.

 

- Оглас -

Најнови вести