Најнекоректниот пенал или мангупски потег на стрелецот? (Видео)

Нотингем Форест со 2:1 славеше против Ковенти во меч од 10. коло на Чемпионшип во Англија, а погодокот за победа го даде Тејлор во 96 минута од пенал. По досудениот пенал, Тејлор многу итро реши да го изведе ударот од најстрога казна.

Играчот на Нотингем полека тргна кон топката, делуваше како да сака повторно да ја намести, но кога се доближи, силно шутна и не му даде шанса на голманот да реагира. Неколку моменти по тој погодок, судијата свирна крај на мечот.

 

- Оглас -

Најнови вести