Најпознатата парагвајска навивачка ги деконцентрираше Аргентинците

Парагвајската навивачка Лариса Рикелме беше „уловена“ од фоторепортерите на мечот помеѓу Аргентина и Парагвај кој се играше синоќа во Бразил, за време на Копа Америка. Средбата заврши 1-1, исход од кој Рикелме е многу позадоволна отколку Лионел Меси и неговите сонародници.

Лариса стана позната во светот во 2010 година, кога за време на СП во Јужна Африка се појавија нејзини слики како навива облечена во боите на својата земја, со мобилен телефон меѓу градите. Тоа ѝ донесе популарност и фотографирање за многу списанија што знаеше финансиски да го искористи.

Девет години подоцна, таа повторно е во центарот на вниманието, овојпат лично е присутна на стадион, но облечена е слично и повторно телефонот е меѓу градите. Фановите кои седеа во нејзина близина, сакаа да се направат селфи со популарната навивачка, а таа никого не одбива.

- Оглас -

Најнови вести