Најскапиот играч во историјата на клубот заборавија да го пријават за настап во Европа!

Себастијан Халер од пред неколку недели влезе во историјата на Ајакс како најскап фудбалер откако холандскиот гигант му плати 23 милиони евра на Вест хем за услугите на напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска. Халер требаше да биде главен адут на Ајакс во трката за освојување на Лигата на Европа, но се случи неверојатен кикс.

Челниците на Ајакс заборавија да го вметнат Халер во списокот на 25-темина фудбалери кои ќе бидат на располагање за дуелите од Лигата на Европа.

„Проверуваме што се случи и како е можно Халер да не е на списокот. Разговараме со челниците од Холандската федерација и со луѓето од УЕФА за да видиме каде се случила грешката“, стои во соопштението од Ајакс.

Халер веќе одигра шест меча за Ајакс и постигна два гола во холандското првенство. Некогашниот четирикратен европски првак во првата нокаут-фаза од Лигата на Европа ќе игра против Лил, а дуелот ќе се игра на 18 февруари во Франција.

 

- Оглас -

Најнови вести