Најсмешниот момент на дербито – Дијас го препаркира „полицаецот“ Зинченко (Видео)

Ливерпул и Манчестер сити одиграа одличен меч, особено во второто полувреме, со пет гола и победа на популарните Граѓани од 4:1, а најкомичниот момент се случи во финишот на првиот дел.

Ливерпул имаше слободен удар и вообичаено, што е и тренд во последно време, еден фудбалер легна на земја веднаш зад живиот ѕид на Манчестер сити за да се спречи евентуален гол по земја на домаќините.

Улогата на легнат полицаец му припадна на Зинченко, а потегот на Александер Зинченко, додека инструктор беше стоперот на Сити, Рубен Дијас.

Португалецот не беше задоволен од позицијата на Зинченко и го препаркира влечејќи го комплетно кон левата страна.

Потегот беше многу смешен, веројатно и најкомичен на дербито и покрај големите грешки на голманот на Ливерпул, Алисон Бекер.

- Оглас -

Најнови вести