Најзаслужен црвен картон: Брутален нокаут претрпе голманот на Славија (видео)

Славија Прага е едно од изненадувањата во Лигата на Европа со елиминацијата над новиот шкотски првак Глазгов ренџерс по гостинскиот триумф од 2-0. Чешкиот тим го освои „Ајброкс“, нешто што ретко се случува оваа сезона, а патот до победата на гостите им беше олеснат со оглед на тоа дека Ренџерите не го завршија мечот со комплетен тим.

Тимот на Џерард заработи две исклучувања, а првото е сосема заслужено. Кимар Руфи во обид да ја стигне топката, со отворена копачка директно го удри гостинскиот голман во лицето, по што Колар претрпе нокаут и падна на земјата. Судијата Гринфилд веднаш се фати за црвениот картон, додека Руфи немаше право да се буни за бруталниот старт.

- Оглас -

Најнови вести