Наместо да даде гол со „ножички“, му ја разнесе главата на противникот и доби црвен картон (Видео)

На дуелот од полското првенство меѓу Јагелонија и Варта се случи немин инцидент. Во 24 минута, домаќините беа во напад, а Богтан Тиру сакаше атрактивно со „ножички“ да постигне гол.

Сепак, наместо да ја удри топката, Тиру директно во главата го удри противничкиот играч Милош Шчепански. Удрениот фудбалер падна како покосен и веднаш некоку играчи притрчаа да му помогнат.

Веднаш реагираа лекарите, кои го изнесоа Шчепански од игра, а Тиру кој сакаше да постигне атрактивен гол, доби директен црвен картон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести