Наместо да се радува на рекордна победа од 27:0 доби отказ

Тренерот на младинскиот тим Инвиктасауро доживеа вистински шок по отказот иако неговиот тим забележа победа од 27:0 против Марина Калчо.

Предводникот на победничкиот тим Ричини е избркан од претседателот на клубот, со објаснување дека постапил непедагошки и не го почитувал противникот.

„Се што треба да научат децата е спротивно од ова што се случи. Мора да се почитува противникот, особено кога се работи за деца. Постапката на тренерот воопшто не е педагошка и одличивме да го смениме. Им се извинувам на нашите противници од Марина Калчо“, изјави претседателот на клубот Паоло Брогели.

На Ричино му се забележува што не им дал инструкции на своите фудбалери да намалат со темпото и да не им даваат голови на врсниците од Марина, за да не ги понижат.

„На оваа возраст треба да се делува и едукативно. Овде не беше таков случајот, а ние како клуб застапуваме поинакви вредности“, додаде Брогели.

- Оглас -

Најнови вести