Наместо на тениски терен, Дел Потро немоќно лежи во болнички кревет

Операцијата на коленото е успешна, Хуан Мартин дел Потро испраќа позитивни вибрации од болничкиот кревет, но тенискиот свет е тажен, бидејќи овој харизматичен тенисер можеби веќе никогаш нема да заигра на професионално ниво.

На 30-годишниот Дел Потро му беше изваден дел од чашката на коленото. Операцијата беше изведена во Барселона.

Десната нога му е замотана од горе до долу, на малерозниот Делпо кого го уништија повредите, му следува долга и мачна рехабилитација, а и тој самиот не е сигурен дали повторно ќе може да игра после тешката повреда на коленото која ја здоби на турнирот во Квинс, на мечот против Денис Шаповалов.

Денеска Роџер Федерер или Фелисијано Лопес може да испишат историја во тенисот, како најстар победник на АТП турнир. Рекордот го држи Иво Карловиќ кој триумфираше на турнир кога имаше 37 години, 5 месеци и 13 дена. Федерер има 37 години, 10 месеци и 15 дена, па ако триумфира во Хале против Давид Гофан и дојде до 102-рата титула, ќе стане највозрасниот победник во историјата на АТП.

- Оглас -

Најнови вести