Нанижа добитен тикет со 23 парови – Со стотче до милионче во Тафталиџе

Има мајстори и за мечеви на репрезентациите, а на врвот викендов е обложувач што составил добитен тикет во Sport Life во населбата Тафталиџе, кој со погодени 23 парови за уплата од 100 денари, си подигна фантастична добивка од речиси еден милион денари. Или точно 991 илјада денари, а за да биде уште поинтересно добивката можела да биде и многу поголема.

На тикетот го има и тенискиот меч меѓу Онс Џабур и Алисон Ван Ујтванк, кој не се одигра, а можеше да ја зголеми добивката до сума од речиси 2,5 милиони денари, благодарение на фантастичниот бонус што го нуди Sport Life за тикети со повеќе натпревари.

Но, и вака добивката е одлична, со стотче до милионче стигна среќниот добитник што перфектно го погоди тикетот на којшто има микс од 17 квалификациски мечеви за ЕП 2020 година и пет тениски дуели од различни ВТА-турнири.

На пазар и во Куманово по добитен тикет

И вториот вреден тикет викендов е уплатен во обложувалница на Sport Life лоцирана во близина на пазар. Во скопско Тафталиџе мајсторот за фудбал и тенис ќари милионче, а уште еден мајстор, кој се обложил само на фудбалски мечеви од квалификациите за ЕП 2020 година, но во Куманово, на локација на пазарот оствари супер добивка од 596.542 денари, или речиси 10 илјади евра.

Добитниот тикет е со шест натпревари, а четири од нив се погодени со знак 1&ГГ, што во Sport Life има одлични квоти. Како шлаг на торта се победите на Италија и на Грција против Финска, односно Лихтенштајн со предност на фаворитите и на полувреме, односно со популарната игра полувреме/крај, типувано со 1-1 Италија и 2-2 Грција.

Уплата на тикетот е 500 денари, а најголемиот коефициент е на дуелот меѓу Малта и Фарски Острови, точно 8 за одигран и погоден тип 1&ГГ.

 

- Оглас -

Најнови вести