Наполи доведе уште еден играч за врска

Наполи го официјализираше трансферот на Станислав Лоботка од Селта Виго за сума од 20 милиони евра плус бонуси. Словачкиот репрезентативец стави потпис на договор кој важи до јуни 2024 година, а ќе заработува 1,8 милиони евра по сезона.

Ова е второ зимско засилување за Наполитанците во средниот ред, откако пред неколку дена пристигна и Диего Деме од Лајпциг. Со ангажманот на Лоботка се зголеми конкуренцијата за Елиф Елмас, но Словакот дојде по инсистирање на тренерот Гатузо.

Со Лоботка, популарниот Рино сега располага со шест играчи за врска, покрај Деме и Елмас, како и стандардните Алан, Руис и Зјелински.

- Оглас -

Најнови вести