Наполи го официјализира и Распадори, се чека уште голманската аквизиција од Париз

Наполи и официјално го позајми Џакомо Распадори од Сасуоло, со обврска да го откупи неговиот договор по крајот на сезоната.

На сметка на Сасуоло ова лето ќе легнат само пет милиони евра, следната уште 25, а според одредени бонуси гарантирани се и дополнителни пет милиони евра во целокупниот трансфер на Италијанецот.

Клубот на Елиф Елмас полека го комплетира мозаикот, останува уште Кејлор Навас да се пресели на „Диего Марадона“, за Наполи да тргне во амбициозен лов на Скудетото во претстојната сезона.

Според претседателот Де Лаурентис, тимот на Спалети има доволно квалитет да се надигрува со најдобрите во Серија А, особено откако екипата беше значително освежена во тековниот преоден рок. Распадори е деветти нов играч, а вчера на едногодишна позајмица пристигна и Танги Ндомбеле од Тотенхем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести