Наполи се налути и го стопираше трансферот на Хамшик

Словакот Марек Хамшик цели 12 години го носи дресот на Наполи, а од пред неколку денови беше договорено негово заминување од клубот. Соиграчите од Наполи му направија изненадувачка забава и му рекоа збогум на капитенот.

Хамшик требаше да го облече дресот на Далијан Јифанга, но изненадувачки, Наполи го стопираше трансферот и засега нема да си замине од Неапол.

„Наполи одлучи да ја пролонгира продажбата на Хамшик во кинескиот клуб бидејќи не е испочитуван договорот за плаќање. Методите за плаќање беа договорени, но кинескиот клуб не ги почитува“, стои во соопштението од Наполи.

- Оглас -

Најнови вести