Наполи се понадева на успех, но испадна после пирова победа, Гатузо пред отказ

Наполи ја победи Гранада со 2-1, но шпанскиот тим се најде во осминафиналето на Лигата на Европа бидејќи на првиот меч славеше со 2-0. Елиф Елмас играше во првите 60 минути од мечот, и тоа на позиција како офанзивен лев бек.

Италијанците добро тргнаа, Пјотр Зјелински уште во третата минута го донесе Наполи во водство, беа на половина пат до резултат кој ги носи во продолженија, но гостите во 25-тата минута изедначија 1-1 и многу му ја отежнија задачата на тимот на тренерот Џенаро Гатузо. Има некои шпекулации дека ова може да биде последен меч на Гатузо како тренер на Наполи.

- Оглас -

Најнови вести